Наполи доби „корпа“ од австрискиот репрезентативец, а потоа беше и цел на сеир од Ленс (Видео)

Францускиот вицепрвак Ленс успеа да го задржи Кевин Дансо, иако овој фудбалер имаше одлична понуда да направи трансфер во италијанскиот првак Наполи. Дансо игра како централен дефанзивец и е дел од австриската репрезентација, а според последниот договор, ќе остане во Ленс до јуни 2027 година.

Во Наполи очекуваа да го доведат Дансо да биде замена за Ким Мин-Јае, но ситуацијата се изјалови и италијанскиот првак останува без посакуваното засилување.

Дансо имаше блескава сезона во Ленс и беше дел од тимот на сезоната во француското првенство. Ленс заврши на второто место во првенството и на тој начин обеезбеди пласман во групната фаза во Лигата на шампионите.

Од Ленс преку интересно видео се пофалија со новиот договор на Дансо и го „пецнаа“ Наполи покажувајќи му дека италијанскиот првак добил „корпа“.

- Оглас -

Најнови вести