Скандал во Италија – На тројца играчи на Емполи им било забрането да играат против Наполи

Емполи ќе се жали на одлуката на здравствените власти во Неапол, кои им забранија на тројца гостински фудбалери да играат денеска против Наполи во куп-мечот, иако имале регуларни негативни тестови на ковид-19.

Леонардо Манкузо, Роберто Пирело и Шимон Журковски приунудно биле изолирани во хотелот откако АСЛ, или здравствените локални власти на Неапол им забраниле да настапат на мечот.

И тренерот Алесио Диониси беше изолиран, па и тој не можеше да го предводи тимот во осминафиналето на Копа Италија.

Наполи победи со 3:2 и го елиминира Емполи, во случај што е контроверзен и не е прв со чудна одлука на здравствените власти во Неапол.

Истата комисија му забрани на Наполи да ја напушти областа Кампања во октомври лани наводно поради опасност од ширење на пандемијата со ковид-19, па тимот не отпатува за Торино на гостувањето кај Јувентус.

Потоа беше одлучено Јувентус да го добие мечот со службен резултат од 3:0, но неодамна одлуката беше поништена, па мечот ќе се преигра.

Сега Емполи најавува жалба бидејќи објавија дека сите изолирани играчи по наредба на АСЛ имале регуларни и валидни негативни тестови на ковид-19 и дека одлуката на локалните власти во Неапол е пристрасна и неразумна.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести