СЕНЗАЦИЈА: Тимот кој нема ниедна победа во Серија А го елиминира Наполи од Купот (Видео)!

Екипата на Кремонезе направи чудо откако успеа да го елиминира Наполи, и тоа на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, откако беше подобар на пенали со 5:4. Во регуларниот дел мечот заврши 2:2. Во првенството на Италија, Наполи е убедлив лидер, а Кремонезе е последен на табелата без ниту една победа, но магијата на Купот донесе ваква сензација.

Пред мечот, Наполи беше голем фаворит, но Кремонезе прв даде гол, и тоа само по 18 минути игра. Наполитанците брзо се созедоа по шокот и најпрво израмнија со голот на Жуан Жесус во 33-тата минута, а потоа, само три минути подоцна стигна и до водство со погодокот на Симеоне.

Кога се очекуваше Наполи да победи, Кремонезе уште еднаш ги изненади домаќините и буквално со првиот удар кон противничкиот гол израмни на 2:2 во 88-мата минута. Во двете продолженија од по 15 минути, Наполи имаше повеќе шанси за гол, двапати ја погодуваа рамката на противничкиот гол, но не дадоа трет гол, па мораше да се изведуваат пенали, по кои Кремонезе победи со 5:4. Станислав Лоботка е трагичарот за Наполи откако во четвртата серија го промаши целиот гол и тоа беше единственото промашување во пенал-рулетот.

На овој меч капитенската лента на Наполи за првпат на официјален меч ја носеше Елиф Елмас. Тој е вториот најмлад капитен во историјата на Наполи. Елмас играше до 85-тата минута, кога беше заменет при резултат 2:1 за Наполи.

 

 

https://twitter.com/i/status/1615456273113260033

- Оглас -

Најнови вести