Наполи го официјализира првото од трите најавени засилувања на Де Лаурентис

Танги Ндомбеле и официјално нов фудбалер на Наполи. Францускиот играч за врска доаѓа на позајмица од редовите на Тотенхем од еден милион евра, со опција да се откупи неговиот договор за 30 милиони евра.

Ндомбеле е првиот од трите најавени засилувања со кои Наполи ќе го затвори летниот преоден рок, а како што кажа претседателот Де Лаурентис, се чекаат уште Кејлор Навас и Џакомо Распадори.

Доколку Наполи идното лето ја активира клаузулата, ќе го откупи Ндомбеле за половина од сумата за која Тотенхем го откупи 28-годишниот играч за врска од Лион, што е рекорден трансфер на Петлите.

Инаку, Ндомбеле е осмо ново име кое летово пристигна на „Диего Марадона“, претходно потпишаа Џовани Симеоне, Замбо Ангиса, Матијас Оливера, Квича Кваратшкелија, Лео Остигард и искусниот голман Салваторе Сиригу.

- Оглас -

Најнови вести