Наполи го стигна Милан, Осимен им се врати на головите

Наполи славеше со 2-0 на гостувањето кај Венеција, и се изедначи со Милан на делба на второто место во италијанската Серија А, а со бод помалку од Интер, кој има и еден меч помалку.

Првиот голот за наполитанците го постигна Виктор Осимен, а Елиф Елмас играше во последните десетина минути. Нигериецот немаше дадено гол од 17-ти октомври, цели 112 дена траеше постот, а денеска на својот тим му ја донесе четвртата победа едноподруго, со која Наполи останува сериозен кандидат за титулата.

Конечните 2-0 ги постави Андреа Петања длабоко во судиското продолжение кое траеше повеќе од десет минути.

- Оглас -

Најнови вести