Наполи го задржа европскиот шампион, Ди Лоренцо го продолжи договорот до 2026 година

Џовани ди Лоренцо го продолжи договорот со Наполи до 2026 година, што значи дека извонредниот десен бек долго ќе остане во клубот од Неапол.

Денеска соработката што почна во 2019 година, кога Ди Лоренцо пристигна во Наполи, е продолжена за уште пет години, а Наполитанците не дозволија да си замине европскиот првак со репрезентацијата на Италија.

Ди Лоренцо беше еден од столбовите во одбраната на Аѕурите кои пред четири дена ја освоија европската круна во драматично финале со Англија и со победа на пенали.

Џовани има многу интересна приказна. Само пред четири години играше во Серија Ц во Италија за Матера, а потоа дојде во Емполи, па во Неапол пред две години за сума од 8 милиони евра.

Сега вредноста му е многу поголема по добрите игри за Наполи и особено по големиот успех со италијанската репрезентација.

 

- Оглас -

Најнови вести