Наполи и без Мертенс и Инсиње има атомски напад, со пет различни стрелци ја уништи Верона

Наполи го презеде првото место на табелата во италијанската Серија А откако вечерва како гостин ја разби Верона со 5-2, иако домашните поведоа со 1-0.

На Наполитанците им беше поништен шести гол, но и со „петардата“ поставија клупски рекорд по број на голови на еден меч од отворање на сезона. Сите пет гола ги постигнаа петмина различни фудбалери. Исто така и Верона постави рекорд, но негативен, со тоа што првпат прима пет гола на еден меч во прво коло во Серија А.

Елиф Елмас беше резервист, а во игра влезе во 68-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести