Наполи и Динамо ќе играат против тимови кои испаднаа од ЛШ, можни се македонски дербија или дуели на наши со Барса, Дортмунд…

Ждрепката за Лига Европа в понеделник од 13.30 ќе биде посебно интересна за македонските репрезентативци кои членови на клубови кои влегоа меѓу 32-та во нокаут фазата од ЛЕ.

Наполи на Елиф Елмас и Динамо Загреб на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, ќе бидат во улога на носители при ждрепката за 16-финалето, што значи дека реваншот ќе го играат дома, но бидејќи беа второпласирани во своите групи, за противници ќе имаат екипи кои испаднаа од Лигата на шампионите.

Ова значи дека потенцијални ривали на Динамо и Наполи се Барселона, Борусија Дортмунд, Порто, Зенит, Лајпциг, Аталанта (Наполи не може со Аталанта), Севилја и Шериф Тираспол.

Можеби молдавски Шериф е најприфатлива варијанта за Наполи и Динамо, а тоа ќе значи и македонско дерби на 17-ти и 24-ти февруари, бидејќи во Шериф игра Бобан Николов.

- Оглас -

Најнови вести