Наполи испиша историја во Серија А

Наполи феноменално игра во Серија А и по 20 кола има дури 17 победи, две нерешени и само еден пораз, па затоа и убедливо е лидер на табелата. Со 53 бодови, Наполи е прв, а зад него следува Интер, кој досега освои 40 бода. Третопласираниот Лацио е со 38 бода, колку што имаат и Аталанта и Милан.

Со 13 бода повеќе од второпласираниот тим, Наполи постави рекорд во Серија А. Откако во 1994 година започнаа да се доделуваат по три бода за победа, никогаш не се случило по 20 одиграни кола, лидерот да има дури 13 бода пред второпласираниот.

Досега најголемата предност по 20 кола ја имал Интер, кој имаше 11 бода пред втората Рома во сезоната 2006/07. Сега овој рекорд е во сопственост на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести