Наполи ита кон нова победа во Лигата на шампионите, Атлетико повторно се мачи со Бриж

Наполи има предност од 2:0 по првото полувреме против Ајакс во четвртото коло во Лигата на шампионите и се наоѓа пред четврта победа. Италијанскиот тим поведе уште во четвртата минута преку Ирвинг Лозано, кој на најдобар начин ја искористи асистенцијата на Пјорт Зјелински.

Џакомо Распадори во 16-тата минута зголеми на 2:0 и најави нов триумф на Наполи во елитното натпреварување.

Атлетико Мадрид и Бриж одиграа без голови во првото полувреме, иако домашниот тим еднаш ја затресе мрежата.

Во 23-тата минута, Саул Нигез постигна гол, но судијата Дени Макели го поништи поради офсајд.

Во финишот од првиот дел, Макели досуди пенал за Бриж по прекршокот на Молина, но по консултација со ВАР, го промени мислењето.

- Оглас -

Најнови вести