Наполи ја одреди цената за Осимен

Наполи доколку реши летово да го продаде својот прв стрелец Виктор Осимен, би го направил тоа, доколку добие 110-130 милиони евра за Нигериецот.

Во Наполи имаат план и што ако биде продаден Осимен. Како негова замена го гледаат 22-годишниот напаѓач на Феенорд, Сантијаго Хименез, кој е проценет на 50 милиони евра.

Сезонава Осимен одигра 24 натпревари во сите натпреварувања, постигна 13 голови, а има и четири асистенции. Неговиот договор со клубот е до летото 2026 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на Осимен на 110 милиони евра.
- Оглас -

Најнови вести