Наполи ја понижи Рома, Мертенс го стигна Кавани

Наполи ја разби Рома со 4-1 во дербито на колото во италијанската Серија А, влошувајќи ја состојбата во римскиот тим на кого не му оди ниту со новиот тренер Клаудио Раниери.

Наполи е цврсто на второто место, далеку зад Јуве, далеку пред Интер, а трети пат по ред победува во Рим против Рома, но овојпат даде дури четири гола, нешто што не му успеало на „Олимпико“ од 2007 година, кога одиграа 4-4.

Дрис Мертенс го даде својот 78-ми првенствен гол во дресот на Наполи, со што се изедначи со Единсон Кавани на четвртото место на вечната листа на стрелци во клубот.

Рома дома немаше примено четири гола од октомври 2014 година, кога на „Олимпико“ гостуваше Баерн Минхен.

Минимална, но важна победа извојува СПАЛ, на кого триумфот над Фрозиноне му беше задолжителен ако сака опстанок, и гостинскиот тим ја оствари целта.

- Оглас -

Најнови вести