Наполи купи соиграч на Пандев за 20 милиони евра

Џенова се согласи на продажба на својот млад напаѓач Кристијан Куаме, во редовите на Наполи за сума од 20 милиони евра. Куаме до крајот на оваа сезона ќе остане на „Луиџи Ферарис“ како позајмен играч, а од јули ќе го облече дресот на Наполитанците.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска се согласи на петгодишен договор, според кој ќе заработува 500 илјади евра по сезона.

Дваесет и едногодишниот напаѓач сезонава игра одлично заедно во тандем со Кжиштоф Пјонтек, што го привлече вниманието на неколку калчолигаши. Наполи прв се избори за неговиот потпис, па така Анчелоти доби дополнителна свежина во нападот за следната сезона.

Сезонава настапи на 20 натпревари во Серија А и Купот на Италија, на кои забележа три погодоци и четири асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести