Наполи не ги заборави своите асови: Денеска дебитираат нашите Елмас и Пандев

Наполи им посака среќа на Елиф Елмас и на Горан Пандев на денешното деби за Македонија на големите натпреварувања, односно на првиот меч на Европско првенство.

Нашата репрезентација од 18 часот вечерва во Букурешт ќе дебитира на ЕП против Австрија.

„Елмас и Пандев денеска ги чека голем меч. Ќе дебитираат за својата репрезентација Македонија на Европските првенства“, потсети „Тутонаполи“.

Елмас е член на Наполи од 2019 година во трансфер што ги чинеше наполитанците околу 19 милиони евра, кои заминаа на контото на Фенербахче.

Пандев, кој денеска ќе има чест како капитен да ја предводи Македонија за првпат на Европско првенство играше за Наполи од 2011 до 2014 година и двапати го освојуваше Купот на Италија со клубот од југот на Италија.

Еден пехар во Копа Италија со Наполи има и Елиф Елмас.

- Оглас -

Најнови вести