Наполи не успеа да се договори со Севиља за Хуанлу Санчес

Италијанскиот шампион Наполи не успеа да го реализира трансферот на Хуанлу Санчес. Севиља одби да го продаде Санчес и покрај тоа што Наполитанците испратија солидна понуда.

Според информациите, шпанскиот клуб одби понуда вредна 17 милиони евра од Наполи.


Севиља наводно бара 20 милиони евра и процент од идна продажба за 21-годишниот дефанзивец, услови што Вулверхемптон ги предложил пред неколку дена.

Минатата сезона во Ла Лига, Хуанлу Санчес постигна четири гола и запиша четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести