Наполи незадржливо граби кон титулата, падна и Рома (Видео)

Наполи стигна до 17 победа во 20-тото коло во Серија А продолжувајќи ја доминацијата што ја има оваа сезона, откако со 2:1 славеше над Рома на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Виктор Осимен во 17 минута донесе предност на домаќините од 1:0, резултат кој беше актуелен до 15 минути пред крајот.

Во 75 минута Рома израмни со голот на Ел Шарави и изгледаше дека гостите може да си заминат со еден бод. Сепак, така не мислеше Диего Симеоне кој во игра влезе во 76 минута, а погоди 10 минути подоцна за 2:1 за Наполи. Токму овој гол беше доволен Наполи повторно да се радува и да ја зголеми предноста на табелата во однос на останатите ривали.

Наполи има 53 бода, дури 13 повеќе од второпласираниот Интер кој има 40 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести