Наполи оди на победа против Бреша, но во мислите ја има и Барса

Мец – Лион (фудбал, Франција, 20.45 часот)

Мец е специјалист за нерешени резултати и само два бода го делат од опасната зона. Последната победа му е на почетокот на месецов во дуелот со Сент Етјен, но и Лион не блеска, 11-ти е на табелата и засега може да се надева само на место во Лигата на Европа. Лион исто така не знае за победа на последните четири меча, последен пат се радуваше пред еден месец. Традицијата е на страната на гостите, кои го победуваа Мец на последните шест дуели и тоа без примен гол.

Предлог тип: Т2 2+ (2.12)

 

Бреша – Наполи (фудбал, Италија, 20.45 часот)

Претпоследната Бреша се бори за опстанок затоа што веќе девет кола не знае за победа. Бреша е најпријатниот домаќин од гостинска гледна точка, сезонава има само една победа, а дури осум порази пред своја публика. Наполи има пет победи на шест меча во сите натпреварувања, но треба да се има предвид дека можеби ќе се комбинира со составот бидејќи им претстои тешка битка во ЛШ против Барселона. Традицијата најавува победа на Наполи во меч со малку голови.

Предлог тип: 2-3 гола (2.10)

 

Баерн Минхен – Падерборн (фудбал, Германија, 20.30 часот)

Ако ова не биде „кец“, би било првокласна сензација. Баварците во последно време демонстрираат сила, Келн го решија само за 12 минути, кога дадоа три гола и сега се во ситуација да го бранат првото место. Падерборн е последен со шест бода помалку од Мајнц, кој е прв во безбедната зона. Падерборн не игра лошо во последно време, но реално на „Алијанц арената“ нема што да бара. Летоска како гостин Баерн победи со 3-2.

Предлог тип: 1>2 (2.80)

 

Бетис – Мајорка (фудбал, Шпанија, 21.30 часот)

Бетис е во криза, од крајот на јануари нема добиено меч, 12-ти е на табелата и тешко дека ќе се пробие до местата кои водат во Европа. Мајорка не се снаоѓа добро по враќањето во Примера и моментно е 18-та, во зоната на испаѓање. Во минатото коло го победија Алавес и можеби тоа е знак дека доаѓаат попозитивни нешта за тимот на Трајковски. Есеноска Бетис како гостин ја совлада Мајорка со 2-1.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

Дерби – Фулам (фудбал, Англија 2, 20.45 часот)

Со доведувањето на Вејн Руни, Дерби каунти доби многу, но се чини дека е предоцна за да се најдат во плејофот за влез во Премиер лигата. Фулам е трети со три бода помалку од вториот Лидс и посакува директен влез во елитното друштво. Дерби е непредвидлив тим, има по 11 победи, порази и ремија, а и во последните три кола имаше три различни исходи. Фулам има три победи во последните четири дуели со Дерби.

Предлог тип: ГГ (1.76)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Баерн – Падерборн 1-1 & 4-6 (2.35)

Бреша – Наполи 2 & 2-4 (2.45)

Мец – Лион 1+I & 1+II (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести