Наполи преговара и со тренерот кој со Горан Пандев освојуваше трофеи во Италија

Елиф Елмас и Наполи се очекува наскоро да добијат нов тренер. Иако се очекуваше тоа да биде хрватскиот стручњак Игор Тудор, сепак должината на договорот е проблем. Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, бара тренер кој ќе има договор само до крајот на сезоната, а Тудор сака да потпише најмалку до крајот на следната сезона. Токму овој услов е прифатлив за еден друг тренер, кој веќе има освоено трофеј со екипата на Наполи, и тоа во времето кога Горан Пандев играше под Везув.

Се работи за искусниот Валтер Мацари, кој се очекува набрзо да биде и промовиран на клупата на Наполи. Мацари од 2009 до 2013 беше на клупата на актуелниот шампион на Италија, а во тој период успеа да дојде до трофејот од Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести