Наполи размислува за продажба на Елмас

До Наполи доаѓаат понуди за мaкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас, и клубот размислува дали да прифати некоја од нив. Според италијанските медиуми, претседателот Аурелио Де Лаурентис порачал дека нема „недопирливи“ фудбалери на Наполи, и понудите кои ќе стигнат ќе бидат разгледани.

Де Лаурентис е незадоволен поради загубената трка за Скудетото и сака „ремонт“ во играчкиот кадар. Елмас во август 2020 година потпиша нов договор со Наполи кој има важност до јуни 2025 година.

Елмас е проценет на 24 милиони евра, годишната плата му е 1,97 милиони евра, но Наполи не би го продал за помалку од 40 милиони, а тоа е повеќе од двојно од износот кој му го платија на Фенербахче за македонскиот Дијамант.

Ако Де Лаурентис го праша тренерот Спалети, веројатно тој не би се согласил за продажба на Елмас, но последниот збор го има претседателот.

- Оглас -

Најнови вести