Наполи сепак може да игра во ЛШ следната сезона

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе покрене дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, поради случајот „Суперлига“. Тоа е епилогот од истрагата која ја направија инспекторите на УЕФА од Етичкиот и дисциплинскиот оддел, каде што е констатирано дека Реал Мадрид, Барселона и Јувентус уште официјално не се откажале од формирањето на создавање на натпреварување кое треба да ја сруши Лигата на шампиони.

По првичниот план на Суперлигата, вкупно 12 екипи прифатија да бидат дел од новото натпреварување, но по притисокот од навивачите и други фактори, дури девет екипи се откажаа, а тоа не го направија само Реал, Барселона и Јувентус.

Според попозициите, најтешката казна која може да ја добијат гигантите од Шпанија и Италија е да бидат исфрлени од натпреварувањата на УЕФА за една сезона. Доколку тоа се случи, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус нема да играат во Лигата на шампиони, а нивните места ќе ги завземат Реал Сосиедад, Бетис и Наполи.

 

- Оглас -

Најнови вести