Наполи сезонава не победи на ниедно дерби на гостински терен

Интер против Наполи во дуел кој не решава ништо важно во Серија А е дербито на денот во Европа. Нераѕурите играат за да го задржат второто место на табелата, но тренерот Антонио Конте најави дека не му е многу важно дали е втор или трет на крајот кога веќе не може да биде шампион.

Наполи има обезбедено место во Лигата на Европа и воопшто не му е важно да го брка петтото место на Милан на табелата. За Наполитанците најважно е сега да ја темпираат формата во пресрет на реванш-дуелот против Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите. Тој меч се игра на 8 август, а за Џенаро Гатузо е важно ниту еден негов играч да не биде повреден во последните две кола во Италија.

Наполи сезонава не игра лошо на гости и има осум победи и пет нерешени, но проблемот е што тимот не победи на ниедно гостување на гости. Сезонава на гости загуби од Јувентус, Аталанта, Лацио и Рома, а против Милан ремизираше 1:1. Наполи сезонава еднаш победи токму против Интер на гости (1:0), но тоа беше дуел од полуфиналето на Купот.

Одбраната е послаб дел на двата тима во последните неколку меча, а ако се знае дека мечот не е од клучно значење, може да очекуваме атрактивна игра со погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести