Наполи веќе има нов тренер

По неуспехот да се пласира во Лигата на шампиони за следната сезона, Наполи му даде отказ на тренерот Џенаро Гатузо. Наполи сам решаваше дали ќе обезбеди место во елитното европско друштво, но синоќа на свој терен не успеа да ја победи Верона (одигра 1:1), па тимот од југот на Италија падна на петото место на крајот од сезоната.

Неполни 12 часа по овој неуспех, Гатузо доби отказ, а според најавите од италијанските медиуми, веќе се знае и новиот стратег на екипата во чии редови е и Елиф Елмас. Италијанските медиуми пишуваат дека Португалецот Серџо Консеисао е новиот тренер на Наполи.

Консеисао е тренер на Порто од 2017 година, тим со кој два пати стана првак на Португалија (2018 и 2020 година), а се радуваше и на еден трофеј во Купот и два во Суперкупот на Португалија. Оваа сезона Порто го елиминираше Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампиони, но потоа загуби од Челзи во следната фаза.

Како играч, Консеисао има искуство во Серија А, носејќи ги дресовите на Лацио, Парма и Интер, но никогаш не работел како тренер во Италија.

- Оглас -

Најнови вести