Најпознатото семејство на Росонерите речиси по три децении, ја прекина верноста кон Милан

Цели 27 години траеше династијата на семејството Малдини да му биде верно на Милан. Оваа речиси тридецениска верност заврши откако младиот Даниел Малдини си замина од Росонерите и сега е нов член на Специја.

Таткото на Даниел, легендарниот Паоло Малдини, цели 25 години играше во дресот на Милан и никогаш не го замени со дрес на друг клуб. По Паоло, дојде неговиот син Даниел, кој две години го носеше дресот на Милан, но сега дојде време за разделба.

Даниел, кој игра во офанзивниот ред, ги помина лекарските прегледи во Специја, каде што ќе игра во новата сезона како позајмен играч. Доколку постои интерес, Специја ќе може да го откупи договорот на Даниел од Милан.

Младиот офанзивец во Милан најчесто добиваше шанса да заигра како резерва, но факт е дека го нема талентот на неговиот татко Паоли или на неговиот дедо Чезаре Малдини, двајцата клупски икони на гигантот од „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести