Иранскиот фудбалер Надер Мохамади привлече големо внимание со начинот на кој изведува аут. Тој може од аут да фрли топка која ќе лета повеќе од 50 метри, што значи дека изгледа како да уфрлува центаршут. Надер моментно е член на тимот на Естехлат, а со начинот на кој изведува аут, стана вистински хит во земјата.
Последното неверојатно изведување на аут беше на дуелот против Сепахан, на кој тимот на Надер загуби со 2:0, но остана запамтено акробатското изведување на аут, кога топката од едната половина се најде во шеснаестникот на другата половина од теренот.
Надeр има 25 години и има дури и европско искуство, кога настапуваше за белгискиот второлигаш Кортријк, а потоа се врати во Иран. Во Европа најпознат изведувач на долги аути беше Рори Делап, кој играше во Стоук, а токму тоа беше и едно од главните оружја во нападот на овој тим во времето на Делап.
" özgür asıl bomba bu hafta. bütün herkesi sabiha gökçen havaalanına bekliyorum, canlı yayında airbus çekicem. " pic.twitter.com/KgLoNSxnkL
— Behrad Talebi (@BehradTalebi) January 15, 2021