Направија глупост, па ја корегираа со волшебна акција за победа (Видео)

Волшебната акција во 76. минута на играчите на Леванте и победничкиот гол на Хозе Моралес за три бода ја анулираа глупоста на одбраната на тимот од Валенсија, по која Еибар поведе во 51. минута од мечот во Ла Лига.

Радоја, Постиго и голманот Абариксета се обидоа да одиграат тика-така комбинација пред својот гол на почетокот на второто полувреме, но испадна лошо за Леванте, а комичната и лоша акција на домашното трио со гол го казни Такаши Инуи.

Голот на Инуи можете да го погледнете ОВДЕ.

Сепак на крајот испадна добро за Леванте, а голот на Гонзало Мелеро и особено акцијата за победа во 76. минута по која Хозе Моралес ја донесе победата беа импресивни.

Серхио Леон одигра мајсторски со пета и успеа на интелегентен начин да ја надмудри одбраната на Еибар, па Фрутос потоа лесно му асистираше на осамениот Моралес за победа.

Прекрасната акција на Леванте за победа од 2:1 можете да ја погледнете ОВДЕ.

Леванте ја забележа петтата победа во Ла Лига и со 21 бод се проби на деветтото место. Еибар е 13-ти со 19 бода.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести