Насер Ал Келаифи доаѓа во Сплит, навивачите на Хајдук бараат да го купи клубот

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи доаѓа во Сплит кон средината на септември.

Причината за неговото доаѓање е тоа што ќе биде прогласен за амбасадор на спортските игри на младите, а се очекува голем број на медиуми кои што ќе го пренесуваат овој настан.

Навивачите на Хајдук, пак, имаат друга желба а тоа е да го купи нивниот омилен клуб и да го вивне меѓу великаните нешто што Келаифи се обидува да го направи со ПСЖ.

Којзнае, можеби оваа желба на „торцида“ ќе биде исполнета, со оглед на финансиските можности кои што ги има групацијата која што ја предводи Келаифи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести