Нашата група е топ, младите Срби го торпедираа голот на Фарски острови и не победија

Квалификациската Х група за настап на младинското Европско првенство што ќе се игра во 2023 година е неверојатно интересна, а вечерва се случи голема сензација во Нови Сад, каде талентите на Србија не успеаа да ги победат Фарските острови.

Во таа група е Македонија и не чека меч со апсолутниот фаворит во групата Франција на 16. ноември, но и вечерва се потврди дека кај младите играчи до 21 година се е можно.

Србите беа апсолутни фаворити против Фараните, но и со дури 18 удари кон и надвор од рамките на голот на гостите не погодија и ремизираа без голови.

Со нерешениот резултат попларните Орли останаа на петтото место во нашата група со пет бода од пет меча.

Македонија и Фарските острови се пред нив со по шест бода, но ние имаме еден меч повеќе за играње.

Пред нас се лидерот Франција со 13 бода и со нив ќе го играме следниот меч на националната арена „Тодор Проески“ во вторник.

Украина е втора со 10 бода од пет меча, а трката за тоа место ќе биде интересна, бидејќи се чини дека младите Галски петли се пресилни за оваа конкуренција и се големи фаворити за првото место и директен пласман на ЕП, што во 2023 година ќе го организираат Романија и Грузија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести