Нашинецот Стамкос се врати на мразот по 211 дена и го реши третиот финален меч во НХЛ (Видео)

Славниот хокеар со потекло од егејскиот дел на Македонија, Стивен Стамкос, беше јунак на третиот дуел од големото финале во НХЛ-лигата помеѓу Тампа Беј лајтнинг и Далас старс. Стамкос, кој е капитен на Тампа Беј, поради повреда имаше пауза дури од 211 дена, а на мразот се врати на триумфален начин, со гол за 2-0, со што помогна во победата од 5-2 за предност од 2-1 во победи.

Канаѓанецот Стамкос голот го постигна со неговиот прв шут на натпреварот и прв шут од 25-ти февруари наваму. Тој по мечот изјави дека уште не може да му се верува дека играл и дал придонес во победата и додаде дека не е сигурен дали ќе настапи на четвртиот меч од оваа финална серија во која Молњите водат со 2-1.

Еве го голот на Стамкос, кој со своето присуство го инспирираше тимот од Флорида:

- Оглас -

Најнови вести