Нашите кошаркарски надежи загубија од Унгарија со 55 поени разлика

Веројатно ни најголемите песимисти не веруваа дека македонската репрезентација за кошаркари до 20 години, во полуфиналето на ФИБА Челинџерот во Шопрон, од домашната Унгарија ќе загуби со 44-99. Унгарците беа фаворити на хартија, но тимот на селекторот Тони Симиќ беше преубедливо надигран, па останува впечатокот да се поправи во мечот за трето место против Швајцарија.

Уште во првара четвртина која Унгарците ја добија со 29-10, се најави дебаклот. Љубиша Димитровски со 18 поени беше најдобар стрелец во македонскиот тим, и единствен со двоцифрен број на поени. Неверојатен е податокот дека Унгарците имаа дури 30 скока повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести