Насилник од Севилја со старт за во затвор врз играч на Ливерпул (Видео)

Севилја со 2:1 го победи Ливерпул, но и покрај трите гола, мечот ќе остане запамтен по насилниот старт на Јорис Гнагнон. Дефанзивецот на Севилја во игра влезе во 60-тата минута, а само 16 минути подоцна доби црвен картон и тоа сосема заслужено.

Иако се работи за контролен меч, каде што резултатот на крајот не е толку значаен, Гнагнон направи потег кој не треба да го направи никогаш кога ќе излезе на теренот. Во напад беше младиот лев бек на Ливерпул Јасер Ларуци, кој летово пристигна на „Енфилд роуд“. Иако беше далеку од голот и немаше поголема опасност за погодок, Гнагнон крвнички го шутна противникот директно во ногата.

https://youtu.be/NApnerfo1yc

Гнагнон воопшто не почувствува жалење за стартот, дури не се ни извини, туку продолжи да се расправа. Судијата веднаш му даде црвен картон. За среќа, првичните прегледи на Ларуци покажуваа дека најверојатно тој нема скршеница на ногата.

„Изгледа имаше среќа. Не сум 100 осто сигурен, но колку што можев првично да разберам, нема скршеница“, изјави по мечот тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

- Оглас -

Најнови вести