Наследникот на Пирло му кажа „да“ на Интер

Сандро Тонали, талентираниот играч за врска на Бреша, се согласи на трансфер во редовите на Интер. Младиот италијански репрезентативец наводно ги прифати условите за преселба на „Џузепе Меаца“ и ќе заработува десетпати повисока плата од моменталната заработка.

Тонали во Милано го чека четиригодишен договор со 2,5 милиони евра годишна плата, а сега треба да чека да завршат преговорите меѓу Интер и Бреша околу неговите услуги. Тимот кој е пред испаѓање во Серија Б засега не отстапува од планот да заработи до 50 милиони евра од својот талент, но Интер се надева дека ќе добие попуст.

Со ова завршува трката за големиот талент на Италија, за кого се интересираа сите гиганти од Калчолигата, а до пред извесно време Тонали најмногу се поврзуваше со Јувентус. Сепак, актуелниот првак извиси во трката, додека Нераѕурите го добија наследникот на Андреа Пирло.

- Оглас -

Најнови вести