Остануваат помалку од 24 часа за да се дадат прогнозите за понудените 13 натпревари од 28-мото коло на Спортската прогноза. Мечеви од најсилните пет лиги има во предизвикот да се погодат вистинските фиксови. Како и во секое коло така и сега, главен мотив на сите обложувачи е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат сите 13 натпревари.
За перфектно прогнозирање се добива iPhone 16. Со 12 погодени мечеви се добива ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодоци ваучерот е 500 денари.
Прв дуел со кој ќе започнат возбудувањата е од Премиер лигата во Англија меѓу Фулам и Астон вила в сабота од 13:30 часот. Повеќе од 55 отсто очекуваат гостите да се радуваат. На девет од понудените 13 мечеви има фаворит со над 50 отсто шанси да победи.
Последен на листата за овој викенд е италијанското дерби меѓу Милан и Јувентус. Старата дама е во одлична форма и има пет победи во последните шест кола, но овојпат едвај 20 отсто веруваат дека гигантот од Торино може да победи на „Сан Сиро“. Во триумф на Милан веруваат 36 отсто, а најголем број од прогнозерите, односно над 42 отсто чекаат да биде нерешено.


