Насмевката на Менди кажува се: Французинот го постигна првиот гол после враќањето на фудбалските терени (Видео)

Поранешниот француски репрезентативец Бенџамин Менди по три години, конечно го постигна својот прв погодок, и тоа во мечот во кој за првпат по враќањето на фудбалските терени беше стартер за Лориен.

Менди во врвот на својата кариера настапуваше за Манчестер сити, но откако беше обвинет за силување, неговиот договор беше суспендиран, а тој далеку од фудбалските терени. Сепак, летово тој беше ослободен од сите обвиненија и ја докажа својата невиност, по што немаше веќе пречки повторно да игра фудбал.

Сепак, долгата пауза си го направи своето, а шанса да се врати на зелениот терен доби од екипата на Лориен, кој му ги овозможи сите услови. Тие беа стрпливи со него и му дадоа време физички да се подготви, а во шестиот настап за екипата и да биде стартер, што го круниса со гол, кој на крајот се покажа како недоволен за позитивен резултат против Марсеј (2-4).

- Оглас -

Најнови вести