Насмевки во репрезентацијата, Ангеловски ги има сите играчи на располагање (Фото галерија)

Македонската фудбалска репрезентација се комплетираше и денеска во полн состав го одработи тренингот пред утрешното заминување за Романија каде в четврток од 20.45 часот го има првиот квалификациски натпревар за пласман на Мундијалот 2022 година.

Селекторот Игор Ангеловски имаше можност да ги види сите кандидати кои се подготвени за стартот на квалификациите. Од фотографиите од денешниот тренинг кој се одржа на тренинг центарот на ФФМ, се гледа дека атмосферата е одлична, имаше насмевки, а потоа фудбалерите се фатија за работа.

- Оглас -

Најнови вести