Натпреварот помеѓу Србија и Англија по едно нешто е уникатен на Европските првенства

Првиот фаворит за освојувње на Европското првенство, барем според квотите, репрезентацијата на Англија, забележа минимална победа од 1-0 против Србија во мечот од првото коло на групата „Ц“.

Единствениот погодок во Гелзенкирхен беше дело на Џуд Белингам во 13-тата минута. Англија одигра бледо, а Србија на моменти доминираше, но не знаеше или не можеше од тоа да извлече позитивен резултат.

Двете репрезентации заедно упатија само 11 удари кон противничкиот гол, Англија 6, додека Србија еден помалку. Со тоа овој натпревар влезе во историјата на континенталните собири како меч на којшто биле упатени најмалку удари.

Рекордот досега го држеа три натпревари на кои беа упатени само по 12 удари кон голот. Тоа се натпреварите Италија – Шведска (2016), Велс – Северна Ирска (2016) и Чешка – Англија (2020). Она што е интересно на сите овие натпревари е дека победникот беше решен само со еден гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести