Пред Мбапе „слета“ дрес на Реал а тој со еден потег веројатно откри каде ќе игра следната сезона (ВИДЕО)

Сè уште не е јасно каде Килијан Мбапе ќе ја продолжи својата фудбалска кариера. И додека шпанските медиуми тврдат дека тој се има одлучено за Реал Мадрид, тие пак, во Франција веруваат дека ќе остане во ПСЖ.

Французинот се појави на вчерашната гала вечер во чест на најдобрите во Лига 1 за оваа сезона, а при доаѓањето се случи еден интересне момент.

По само неколку чекори откако излезе од колата, според многумина му беше фрлен дрес од Реал Мадрид. Мбапе, го погледна дресот и само продолжи напред.

Дали со тоа, Французинот најави дека и следната сеозна ќе остане во тимот на ПСЖ, останува да се види за неколку дена.

- Оглас -

Најнови вести