Навивач на Јунајтед среде хаосот даде супер гол со ножички во стилот на Руни (Видео)

Упадот на навивачите на Манчестер јунајтед на стадионот „Олд Трафорд“ придонесе за одложување на дербито на Црвените ѓаволи против Ливерпул, фановите бараат заминување на браќата Глејзер од челното место во клубот, незадоволството го искажаа и на насилен пат.

Сепак, имаше и забавни моменти во тој вчерашен хаос. Еден навивач ја искористи ситуацијата да го покаже фудбалското знаење. Зеде топка, си ја намести и во празната мрежа даде гол со ножички во стилот на Вејн Руни од дуелот со Манчестер сити кој е еден од најубавите голови постигнати на славниот стадион.

Погледнете го прилично добриот обид за имитација на славниот погодок на Руни:

https://twitter.com/i/status/1388878549399085056

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести