Навивач на Ливерпул за малку ќе ја уништеше блескавата ноќ на „Енфилд роуд“, Клоп збесна (Видео)

На историска победа се радуваа фудбалерите и навивачите на Ливерпул во дуелот со најголемиот ривал Манчестер јунајтед со 7:0. Дури шест гола постигнаа домаќините во вториот дел, а делириумот на „Енфилд роуд“ до толку го понесе еден навивач на домаќините, што прескокна од трибините и тргна кон фудбалерите на Ливерпул, да се радува со нив.

Сепак, наместо да се радува, тој се лизна и падна, незгодно го удри Енди Робертсон, кој почна да се жали на повреда. Веднаш реагираа редарите и го фатија натрапникот. Во моментот кога требаше да биде изнесен, навивачот помина буквално покрај Јирген Клоп, а тренерот на Ливерпул беше многу лут и му префрли на навивачот кој направи непромислен потег.

Целата ситуација може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести