Навивач на Тотенхем со нога го удри голманот на Арсенал (Видео)

Арсенал славеше со 2:0 против Тотенхем на гостински терен, а еден од најзаслужните за триумфот на гостите секако е голманот на Топчиите Арон Рамсдејл, кој бланеше одлично.

По завршување на дуелот, Рамсдејл влезе во конфликт со голгетерот на Тотенхем Ришарлисон, а потоа голманот на Арсенал беше тргнат позади голот. Таа ситуација ја искористи еден навивач на Тотенхем, кој скока од трибината и со нога го удри голманот на Арсенал.

За среќа потоа реагираа останатите фудбалери и обезбедувањето и немаше поголем инцидент. Овој навивач на Тотенхем најверојатно ќе добие доживотна забрана за влез на стадионите во Англија за овој непромислен потег.

- Оглас -

Најнови вести