Навивач на Вориорс го турна Лаури, па го исфрлија од сала (видео)

Во текот на ноќниот спектакл меѓу Голден стејт и Торонто, во кој Репторс запишаа значајна победа за 2-1 во финалната серија, се случи еден инцидент во кој жртва беше кошаркарот на канадската франшиза, Кајл Лаури.

Во обид да ја спаси топката, Лаури се затрча кон публиката и притоа падна врз првиот ред од седиштата. За среќ,а не настрада никој, но еден навивач на домашниот тим кој беше во непосредна близина го турна кошаркарот на Торонто. Лаури потоа истакна дека таму не застанал овој инцидент, навивачот продолжил вербално да го навредува, па сега сака да се преземат мерки и да му се забрани пристап на навивачот на НБА-натпреварите.

„Немаше никаква причина да го стори тоа. Тој ме турна, а потоа почна и да ме навредува. За таквите луѓе нема место во нашата лига. Очекувам остро да го казнат и никогаш повеќе да не стапне во ниту една сала каде што се играат НБА-натпревари“, изјави Лаури по мечот.

Обезбедувањето во „Оракл арената“ брзо реагираше и го отстрани навивачот од салата, а допрва ќе се знае дали ќе бидат преземени мерки какви што посакува и очекува Лаури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести