Навивач нападна фудбалер на Ренџерс (Видео)

Хибернијан и Ренџерс одиграа 1:1 во синоќешниот дуел од шкотското првенство, но головите не беа главна тема на средбата. Пред крајот на првото полувреме гостинскито играч на Ренџерс, Џејмс Таверние се подготвуваше да изведе аут. Сосема неочекувано, еден домашен навивач ја прескокна оградата, дојде до фудбалерот и му ја шутна топката, а потоа почна и да го турка.

Редарите беа изненадени од потегот на навивачот да влезе на тревникот, па дури откако се случи инцидентот, тие реагираа и го фатија 21-годишниот навивач на Хибернијан. За среќа играчот на Ренџерс не беше повреден.

Ова е втор пат за само две недели, навивач на Хобернијан да предизвика инцидент. Претходно, од истата трибина на стадионот Букфаст, со тврди предмети беше фрлано по фудбалерот на Селтик, Скот Синклер.

Со освоениот бод од ова гостување кај Хибернијан, Ренџерс стигна до 59 поени и се зацврсти на второто место на табелата, но лидерот Селтик ќе има шанси да избега повеќе, ако попладнево победи во дербито против Абердин. Во обложувалниците на Sport Life имаше понуда не само за сите мечеви од шкотската Премиер, туку и останатите три лиги во оваа земја.

 

 

- Оглас -

Најнови вести