Навивач славел со пукање од пиштол, играчите се уплашиле и избегале

На натпреварот одигран во Лукавина, во една од пониските лиги во Босна и Херцеговина, дојде до еден неверојатен инцидент. Гостите од Стјепан Поле поведоа со 2-0 во 35-ата минута во дуелот против Турија, а еден од навивачите кои беа на трибините извадил пиштол и почнал да пука во знак на славење.

Домашните играчи, но и навивачите побегнале од стадионот, а мечот е прекинат. Потоа избегал и човекот кој пукал.

„По доаѓањето на полицијата, пронајдени се чаури, а лицетокое што пукаше избега со автомобил. Сепак, во текот на бегањето тој е фотографиран. Полицијата направи извештај дека пукал гостински навивач и ги виде чаурите како доказ“, велат за „Аваз“, од домашниот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести