Навивач втрча на терен, а сите му се смееја на редарот (Видео)

По петочниот прекин на мечот Бохум – Борусија Менхенгладбах кога навивач со чаша го удри помошникот судија во глава, вчера се случи уште еден инцидент во Бундеслигата. На дуелот Мајнц – Арминија Билефелд, еден навивач на домашниот тим вртча на теренот и направи прекин.

Навивачот трчаше по речиси целиот терен, кога еден редар реши да се обиде да го сопре. Наместо да го собори натрапникот, редарот сам се сопна и падна, а навивачот доби аплауз од публиката.

Дуелот продолжи, а Мајнц убедливо славеше со 4:0.

- Оглас -

Најнови вести