Мечот нема да се доигра, Бохум жестоко ќе настрада (Видео)

Дуелот меѓу Бохум и Борусија Менхенгладбах со кој стартуваше 27. коло во Бундеслигата синоќа не се одигра до крај, а причина за тоа се домашните навивачи. На 20 тина минути пред крајот, од трибините беше фрлена пластична чаша со пиво, која заврши директно во главата на помошникот судија.

Мечот веднаш беше прекинат, а за среќа арбитарот немаше посериозна повреда. Германските медиуми пишуваат дека Бохум службено ќе загуби со 0:3, плус домаќинот ќе добие и дополнителна жестока казна. Можно е Бохум до крајот на сезоната домашните мечеви да ги игра пред празни трибини.

Интересно е дека последен пат кога меч од Бундеслигата не се доигра повторно беше по „заслуга“ на навивачите на Бохум. Тогаш беше прекинат дуелот против Шалке, а тимот од Гелзенкирхен службено славеше со 3:0.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести