Навивачите го фатија фудбалерот како прави оргии, го претепаа и го избркаа од клубот (Видео)

Играчот за врска на Коринтијанс, Луан, настрада од навивачите на сопствениот клуб. Ултрасите на бразилскиот клуб влегле во еден мотел во Сао Пауло и таму го виделе Луан на сред оргии.

Навивачите биле незадоволни од однесувањето на Луан, фудбалер кој од февруари 2022 година нема одиграно ниту еден меч за Коринтијанс, а редовно добива плата. Луан дојде во Коринтијанс во 2020 година и за повеќе од три години одигра само 80 меча.

Најверните фанови на Коринтијанс веќе подолго време се обидуваат да го избркаат Луан од клубот бидејќи не се задоволни од неговото однесување надвор од теренот. Тоа што не им успеа на мирен начин, го направија на понасилен пат.

Луан со четворица пријатели и пет пријателки биле во собата во мотелот кога се појавиле навивачите и го претепале, а потоа го натерале самиот да го раскине договорот со бразилскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести