Навивачи на Динамо Минск влетаа на теренот и се пресметаа со редарите (видео)

Динамо Минск вчера го одигра првиот квалификациски дуел од Лигата на Европа. Белорускиот состав гостуваше во Летонија кај тимот на Липаја, во мечот кој заврши со реми од 1-1. Гостите успеаја да го издвојат ремито по погодокот на Капленко во 88-та минута, по што навивачите на Динамо направија инцидент на теренот.

Најверните фанови на Динамо кои допатуваа со тимот да го бодрат, влетаа на теренот со намера да прават проблеми, па се обидоа да се пресметаат со редарите. Неколкумина беа спречени во намерата, додека дел од навивачите се вратија на трибините.

Мечот продолжи по прекинот, а играчите на Динамо како да ја загубија концентрацијата, па во седмата минута од судиското продолжение Фатаи утна пенал кој можеше да им донесе победа.

- Оглас -

Најнови вести