Навивачи на два фудбалски клуба воновни за хаосот на кикбокс мечот кој не заврши (Видео)

Бадр Хари и Аркадиус Вросек требаше да бидат главни ѕвезди на киксбокс шоуто во белгискиот град Хаселт, но не беше така. Борбата која требаше да биде фешта, воопшто не заврши и тоа поради навивачите кои беа на трибините.

Во текот на втората рунда, започна тепачка на трибините, која никој не можеше да ја сопре. Летаа столови и други тврди предмети, а хаосот траеше речиси 20 минути, за да на крајот организаторот соопшти дека борбата е прекината поради дивеењето на фановите.

Збунувачки делуваше еден ваков настан да биде прекинат од публиката, но според извештаите, за тоа се заслужни фудбалски навивачи. Аркадиус Вросек е голем фан на фудбаслскиот клуб Ден Хаг од Холандија, па фанови на овој клуб пристигнале во Белгија за да го бодрат борецот. Навивачите на Ден Хаг имале добри односи со фановите на Легија Варшава, па имало и луѓе дојдени од Полска.

Токму тие биле главните виновници што започна хаосот, кој никој не можеше да го сопре. Вросек застана во одбрана на своите фанови и рече дека тие воопшто не се виновни за тоа што се случи.

Кој и да е виновен веќе не е толку важно, затоа што спортското шоу се претвоти во дивеење на навивачите.

- Оглас -

Најнови вести