Навивачи на Ферари барале селфи со Леклер, па му украле часовник вреден 320.000 евра

Шарл Леклер, пилотот на Ферари и актуелен лидер во генералниот пласман во Формула 1, синоќа доживеа голема непријатност. Во градот Вијареџо во Италија му бил украден часовник вреден 320.000 евра.

Крадец е всушност еден „навивач“ на Ферари. Група минувачи на улица го препознале Леклер околу 23 часот, било темница и од него барале автограми и да се сликаат, па додека Ф1 пилотот бил сконцентриран на потписите и сликањето, крадецот ја употребил својата „вештина“. Леклер доста подоцна сфатил дека е ограбен.

Од Ферари побараа од локалните власти да го подобрат уличното осветлување во Вијареџо.

- Оглас -

Најнови вести