Болоња и Лил играат во рамките од петтото коло во Лигата на шампионите, но овој дуел имаше немила предигра. Во италијанскиот град имало инцидент во којшто двајца навивачи на Лил биле избодени со нож.
Околу 80 луѓе, за кои се верува дека биле навивачи на Болоња, наоружани со метални прачки нападнале околу 30-мина фанови на Лил пред еден локал во универзитерскиот кварт на градот.
На повредените веднаш им била укажана помош, а од францускиот клуб стигна и соопштение поради овој немил настан.
„Клубот безрезервно го осудува овој кукавички и неподнослив напад, кој е целосно спротивност од сите вредности кои ги нуди фудбалот. Им нудиме помош на навивачите кои беа жртви на овој напад и им посакуваме брзо закрепнување“, стои во соопштението на Лил.
Le LOSC a été informé qu’un groupe de supporters lillois a été victime, hier, d’une attaque collective à Bologne. 2 supporters ont été blessés à l’arme blanche et pris en charge médicalement.
Nous vous appelons à faire preuve de la plus grande vigilance ! #BolognaLOSC
— LOSC (@losclive) November 27, 2024