Навивачи на Макаби претепале државјанин на Палестина пред натпреварот со Олимпијакос (Видео)

Екипата на Макаби од Тел Авив победи со убедливи 1-4 на гостувањето кај Олимпијакос во Пиреја, во натпревар од осминафиналето на Конференциската лига. Сепак, како што јавуваат грчките медиуми, пред натпреварот се случил инцидент во кој навивачите на Макаби физички нападнале и претепале државјанин на Палестина.

Екипата на Макаби имаше голема поддршка во Грција, а на нивниот собир пред натпреварот наводно биле навредувани, односно државјанин на Палестина го навредувал Израел, па затоа и бил нападнат од поголема група на луѓе.

Во моментов нема информации за степенот на повредите на палестинецот, ниту пак дали има уапсени навивачи на Макаби.

- Оглас -

Најнови вести